ПЛАНИНАР СЕ ИЗГУБИЛ ВО КОЛОРАДО, ПА 24 ЧАСА ГИ ИГНОРИРАЛ ПОВИЦИТЕ ОД СПАСУВАЧИТЕ ОТИ БРОЈОТ НЕ МУ БИЛ ПОЗНАТ

    ПЛАНИНАР СЕ ИЗГУБИЛ ВО КОЛОРАДО, ПА 24 ЧАСА ГИ ИГНОРИРАЛ ПОВИЦИТЕ ОД СПАСУВАЧИТЕ ОТИ БРОЈОТ НЕ МУ БИЛ ПОЗНАТВластите кажаа дека на потрагата на планината Елберт биле потрошени 32 часа (Фото: Алами)

    Маж кој бил изгубен 24 часа додека планинарел на највисоката планина во Колорадо ги игнорирал постојаните телефонски повици од спасувачките екипи зашто доаѓале од непознат број, кажаа властите. Планинарот бил пријавен за исчезнат околу 20 часот на 18 октомври, откако не се вратил во местото каде што престојувал.

    „Постојаните обиди лицето да се контактира преку повици и текстуални и гласовни пораки биле игнорирани“, објавија властите на округот Лејк.

    Петмина спасувачи биле ангажирани околу 22 часот за да пребаруваат високи области на планината Елберт, но се вратиле во три часот откако не успеале да го лоцираат изгубениот планинар на 4.401 метар високиот врв.

    Втор тим тргнал во потрага во седум часот, пред да се дознае дека планинарот се вратил во своето престојувалиште околу 9:30 часот. Тој им кажал на властите дека се изгубил кога се стемнило, по што лутал наоколу, пред да стигне до својот автомобил следното утро, 24 часа откако тргнал да планинари.

    „Тој кажа дека немал идеја дека го бараат. Најинтересно е што ги игнорирал постојаните повици зашто бројот не му бил познат“, кажаа властите, додавајќи дека на потрагата биле потрошени вкупно 32 часа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира