ПЛАЖИТЕ НА СЕВЕРНИОТ ДЕЛ ОД ЕГЕЈСКО МОРЕ ПРЕПОЛНИ СО МЕДУЗИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

    ПЛАЖИТЕ НА СЕВЕРНИОТ ДЕЛ ОД ЕГЕЈСКО МОРЕ ПРЕПОЛНИ СО МЕДУЗИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИВисоките температури се главна причина за појавата на голем број медузи. (Фото: АНА-МПА)

    Голем број медузи се појавиja летово во северните делови од Егејското Море во Грција. Високите температури кои ја зафатија оваа летна сезона и Грција се главна причина за појавата на голем број медузи на плажите.

    Научниците сметаат дека ваквата појава е резултат на климатските промени, односно високите температури и топлото море кои го зголемуваат размножувањето на медузите.

    Втора причина за големиот број медузи е и зголемениот риболов. Според научниците, риболовот доведува до намалување на природните непријатели на медузата и поради тоа на плажите туристите оваа сезона  секојдневно ги гледаат во морето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира