ПЛАЖИТЕ ВО НОРМАНДИЈА ОД „ДЕНОТ Д“ И ПЛАНИНАТА ОЛИМП СТАВЕНИ НА ЛИСТАТА СВЕТСКО НАСЛЕДСТВО НА УНЕСКО

    ПЛАЖИТЕ ВО НОРМАНДИЈА ОД „ДЕНОТ Д“ И ПЛАНИНАТА ОЛИМП СТАВЕНИ НА ЛИСТАТА СВЕТСКО НАСЛЕДСТВО НА УНЕСКОУНЕСКО ги заштитити плажите на кои сојузничките сили се истоварија на Денот Д, на 6 јуни 1944 година, со што започна ослободувањето на Западна Европа од нацистичка Германија; - Плажата Омаха. (Фото: СДК.МК)

    Плажите на „Денот Д“ во Нормандија, населбата Зелендорф форест естејт во Берлин и планината Олимп во Грција се додадени на Листата на светско наследство на УНЕСКО. Комитетот за светско наследство денеска ја донесе оваа одлука на состанокот во Бусан, Јужна Кореја, каде што беа разгледувани вкупно 30 нови номинации.

    Станбената населба во југозападниот дел на германската престолнина не претставува нов самостоен локалитет, туку е дополнување на веќе впишаниот локалитет „Берлински модернистички станбени населби“, приклучувајќи им се на уште шест комплекси што УНЕСКО ги призна во 2008 година.

    Новиот локалитет на светското наследство во Нормандија ги опфаќа плажите на кои сојузничките сили се истоварија на Денот Д, на 6 јуни 1944 година, со што започна ослободувањето на Западна Европа од нацистичка Германија.

    Локалитетот ги вклучува петте историски плажи од десантот, Јута (Utah), Омаха (Omaha), Голд (Gold), Џуно (Juno) и Сворд (Sword), како и други спомен-обележја поврзани со сојузничката инвазија.

    Сојузничките сили главно беа составени од американски, британски, канадски, полски и француски војници. Околу 3.100 десантни пловила, кои превезуваа повеќе од 150.000 војници, го преминаа Ла Манш кон северна Франција. Илјадници од нив загинаа во борбите што следуваа.

    Со впишувањето на плажите на Денот Д, Франција сега има 55 локалитети на Листата на светско наследство на УНЕСКО, исто колку и Германија. Повеќе локалитети на светско наследство имаат само Кина (60) и Италија (60).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира