ПО 22 ГОДИНИ И 100 СОСЛУШУВАЊА, ИНДИЕЦ ГО ДОБИ СУДСКИОТ СПОР ЗА БИЛЕТ ЗА ВОЗ ПЛАТЕН 25 ЦЕНТИ ПОВЕЌЕ

    ПО 22 ГОДИНИ И 100 СОСЛУШУВАЊА, ИНДИЕЦ ГО ДОБИ СУДСКИОТ СПОР ЗА БИЛЕТ ЗА ВОЗ ПЛАТЕН 25 ЦЕНТИ ПОВЕЌЕЖелезницата мора да плати казна од 188 долари (Фото: ЕПА)

    Индиски адвокат ја доби 22-годишната правна битка со Индиски железници за билет платен 20 рупии (25 центи) повеќе.

    Кога Тунгнат Чатурведи купувал билет на станицата во Утар Прадеш во 1999, платил 90 место 70 рупии. Иако се жалел, парите не му биле вратени.

    Затоа поднесол тужба против североисточната дивизија на Индиски железници во локален суд во Матура и по 100 сослушувања, судот оваа недела конечно пресудил во негова корист. Железницата мора да плати казна од 15.000 рупии (188 долари), плус камата од 12% на парите што му се должат на 66-годишниот Чатурведи.

    „Не постои цена за енергијата и времето што ги потрошив на овој случај. Семејството се обиде да ме премисли, но бев решен да го истерам докрај. Не се парите во прашање, туку правдата“, изјави Чатурведи.

    Овој случај го нагласи проблемот со пренатрупаноста на индиските судови, каде што 40 милиони случаи остануваат нерешени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира