ПОБЕДНИКОТ НА ЕВРОСОНГ ВО ТРКА СО ВРЕМЕТО ДА ДОБИЕ НОВО СРЦЕ

    ПОБЕДНИКОТ НА ЕВРОСОНГ ВО ТРКА СО ВРЕМЕТО ДА ДОБИЕ НОВО СРЦЕПрв Португалец кој славел на Евросонг. - Салвадор Собрал (Фото: ДПА)

    Актуелниот победник на Евросонг, Салвадор Собрал, бил итно примен во болница во Лисабон поради срцеви проблеми и лекарите велат дека под итно мора да му се направи трансплантација.

    Дваесет и седумгодишниот Собрал беше принуден да ја прекине турнејата и локалните медиуми јавуваат дека „неговата состојба е тешка и дека е во трка со времето да добие ново срце“.

    Иако за здравјето на Собрал се грижат најдобрите кардиолози, тие велат дека е прашање дали неговиот организам ќе може да го прими новото срце, бидејќи не е доволно силен.

    „Салвадор, цела Украина е со тебе! Биди силен, се ќе биде во ред“, порача победничката на Евросонг од 2016 година, Џамала.

    Собрал е првиот Португалец кој го освоил Евросонг, што му успеа во Киев со песната „Љубов за двајца“, но уште тогаш се пишуваше за неговите здравствени проблеми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира