ПОЧИНА ЛАЗО ГОЛУЖА, ТВОРЕЦОТ НА ЛЕГЕНДАРНИОТ КВИЗ „КВИСКОТЕКА“

    ПОЧИНА ЛАЗО ГОЛУЖА, ТВОРЕЦОТ НА ЛЕГЕНДАРНИОТ КВИЗ „КВИСКОТЕКА“Голужа ја создаде „Квискотека“ во 1979 и ја уредуваше цели 15 години (Фото: Пиксел)

    Лазо Голужа, творецот на најпопуларниот квиз во поранешна Југославија „Квискотека“, почина на 84 години.

    По дипломирањето на Филозофскиот факултет во Загреб, Голужа почнал да работи на Радио-телевизија Загреб во 1967 година, каде што бил уредник на повеќе забавни и контактни емисии.

    Сепак, неговиот најголем придонес е на полето на квизови, меѓу кои особено се истакнува „Квискотека“. Таа почна да се емитува во 1979 и се прикажуваше цели 15 години и го направи Голужа еднакво популарен како водителот Оливер Млакар.

    Освен „Квискотека“, Голужа создаде и уредуваше уште десетина квизови, како „3-2-1, ама вреден“, „Песочен часовник“, „Бројки и букви“, „Тркало на среќата“ и други.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира