ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ СРПСКИ ПЕЈАЧ ПРЕДРАГ ЦУНЕ ГОЈКОВИЌ

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ СРПСКИ ПЕЈАЧ ПРЕДРАГ ЦУНЕ ГОЈКОВИЌЦуне беше познат мајстор за староградски песни и севдалинки

    Предраг Цуне Гојковиќ, легендата на српската народна музика, почина денеска на 85 години. Цуне беше познат мајстор за староградски песни, севдалинки, забавни и мексикански песни, при што неговата најпозната „Кафе свари ми драга“  (Кафу ми драга испеци) ја отпеа повеќе од 40.000 пати. Меѓу неговите најпознати песни се и „Донеси вино крчмарице“ и „Имам една желба“ (Имам једну жељу).

    Гојковиќ е роден во 1932 во селото Брзан во Шумадија. По завршувањето на средното образование во Белград, се запишал на Трговската академија, но никогаш не ја завршил оти целосно се  посветил на музиката.

    Во повеќе пригоди Гојковиќ ќе раскаже дека прекарот Цуне го добил поради реченицата што често ја користела мајка му: „Оди, мајка да те цуне (бакне)“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира