ПОЧИНА НОВОРОДЕНИОТ СИН НА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО

    ПОЧИНА НОВОРОДЕНИОТ СИН НА КРИСТИЈАНО РОНАЛДОРоналдо и Џорџина во октомври открија дека чекаат близнаци (Фото: АП)

    Кристијано Роналдо и неговата партнерка Џорџина Родригес објавија дека починало нивното новородено машко бебе, додавајќи дека „тоа е најголемата болка што може да ја почувствуваат родители“. Тие во октомври открија дека чекаат близнаци, при што кажаа дека женското бебе преживеало.

    „Нејзиното раѓање ни дава сила да го живееме овој момент со малку надеж и среќа. Сине, ти си нашиот ангел, засекогаш ќе те сакаме“, напишаа Роналдо и Џорџина на Инстаграм.

    Еден од најдобрите светски фудбалери ја запознал Џорџина во 2016 додека работела во бутик во Мадрид. Во 2017 таа ја роди ќерката Алана Мартина, само неколку месеци откако Роналдо доби близнаци преку сурогат мајка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира