ПОЧНА НАЈГОЛЕМАТА ЗАБАВА ВО СВЕТОТ – КАРНЕВАЛОТ ВО РИО

    ПОЧНА НАЈГОЛЕМАТА ЗАБАВА ВО СВЕТОТ – КАРНЕВАЛОТ ВО РИОСе проценува дека над шест милиони луѓе, од кои 1,5 милиони странски туристи ќе го посетат годинашното издание на карневалот. - Учесничка на карневалот со своето куче (Фото: ЕПА)

    Карневалот во Рио де Жанеиро почна со парада на славните школу за самба низ стадионот Самбадром.

    Најдобрите 13 школи за самба сериозно го сфаќаат натпреварот и првото место им значи многу на сиромашните заедници во бразилскиот град.

    Тимовите ќе бидат оценувани за кореографија, атмосфера, организација и пеење. Секоја нивна парада чини речиси 1,6 милиони евра.

    Над шест милиони луѓе, од кои 1,5 милиони странски туристи, се очекуваат да го посетат годинашниот карневал, што трае до 14 февруари.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари