ПОЛАРНИТЕ МЕЧКИ ГЛАДУВААТ КАКО ШТО СЕ ТОПИ МРАЗОТ НА АРКТИКОТ, ПРЕДУПРЕДУВААТ НАУЧНИЦИТЕ

    ПОЛАРНИТЕ МЕЧКИ ГЛАДУВААТ КАКО ШТО СЕ ТОПИ МРАЗОТ НА АРКТИКОТ, ПРЕДУПРЕДУВААТ НАУЧНИЦИТЕНаучниците пресметале дека женска поларна мечка мора да изеде цела возрасна фока на секои 12 дена за да ги задоволи енергетските потреби. (Фото:ДПА)

    Поларните мечки гладуваат за време на нивната прва сезона на лов поради топење на мразот на Арктикот, што е предизвикано од климатските промени, покажува американската студија објавена вчера, која го анализира метаболизмот на животните кои живеат таму.

    Поларните мечки ловат храна потпирајќи се на мразот. Но, како што мразот се топи тие мора понапорно да работат и да потрошат повеќе калории додека да најдат храна, се вели во студијата објавена во научниот магазин.

    Научниците го набљудувале метаболизмот на девет женки поларни мечки секоја пролет од 2014 година до 2016 година, мерејќи ј нивната висина и тежина, како и други метаболички индикатори меѓу кои и проверка на крвта и урината. Им закачиле ГПС уреди опремени со видео камери и повторно ги пуштале во дивината за да видат како тие се хранат.

    Дотогаш научниците претпоставувале дека на поларните мечки им е потребно помалку енергија, бидејќи тие немаат природни предатори и дека нивниот метод на лов не бара голем физички напор, туку дека тие седат на мразот и чекаат да се појават фоки.

    Но, тие откриле дека поларните мечки мора да јадат над 12.000 калории на ден, што покажало дека имаат позабрзан метаболизам, отколку што претходно се мислело. Енергетските потреби на поларните мечки по пресметките од студијата биле за 1,6 пати повисоки отколку што претходно се мислело.

    Научниците пресметале дека женска поларна мечка мора да изеде цела возрасна фока на секои 12 дена за да ги задоволи енергетските потреби. Повеќе од половина од поларните мечки биле со намалена телесна маса за време на нивната прва сезона на лов, се вели во студијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира