ПОМЛАДИОТ БРАТ НА ДОНАЛД ТРАМП ПОЧИНА НА 71 ГОДИНА

    ПОМЛАДИОТ БРАТ НА ДОНАЛД ТРАМП ПОЧИНА НА 71 ГОДИНАЗа разлика од Доналд, Роберт Трамп не се истакнуваше во јавноста и живееше поповлечено во Њујорк (Фото: Гети)

    Доналд Трамп му оддаде почит на својот помлад брат Роберт, кој почина на 71 година, опишувајќи го како негов најдобар пријател.

    „Мојот брат почина мирно ноќеска. Тој не само што ми беше брат, туку и мој најдобар пријател“, изјави Доналд Трамп, кој го посети Роберт во болница во Њујорк ден пред да почине.

    Иако семејството на Трамп не ја соопшти причината за смртта, американските медиуми објавија дека тој бил сериозно болен.

    Роберт беше најмладото од петте деца на Фред и Мери Ен Трамп и роден две години после Доналд. Најстарото дете Фред Џуниор почина во 1981 година од проблеми со алкохолот. Роберт Трамп го помина поголемиот дел од кариерата во семејната компанија за недвижности и за разлика од Доналд, не се истакнуваше во јавноста и живееше поповлечено во Њујорк.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира