Ѝ ПОНУДИВ ШПРИЦЕР НА МОНА ЛИЗА И ПОБЕДИВ, ВЕЛИ СТУДЕНТКАТА КОЈА ОСВОИ ПРИВАТНА ТУРА И НОЌ ВО ЛУВР

    Ѝ ПОНУДИВ ШПРИЦЕР НА МОНА ЛИЗА И ПОБЕДИВ, ВЕЛИ СТУДЕНТКАТА КОЈА ОСВОИ ПРИВАТНА ТУРА И НОЌ ВО ЛУВРМолинари и Вотсон седеа на две фотелји, покрај маса со цреши и аперитиви, поставени пред ремек-делото Мона Лиза (Фото: Ројтерс)

    Италијанско-канадската студентка на конзервација Даниела Молинари беше избрана од 180.000 учесници на натпреварот кој го организираа парискиот музеј Лувр и „Ернбнб“. Наградата беше приватна тура низ музејот и ноќ под стаклената пирамида, како дел од одбележувањето на 30-годишнината од поставувањето на стаклената пирамида пред Лувр. Учесниците на натпреварот требаше да одговорат на прашањето: „Зошто сум совршен гостин на Мона Лиза?“.

    Ова беше прв случај да му се дозволи на обичен граѓанин да преспие во музејот, или пак да добие тура со водич низ музејот, како што добивале Барака Обама, или Бијонсе и Џеј-Зи.

    Со момчето вечераа покрај Милоска Венера, а се прошетаа и низ галериите од 37 километри (Фото: Ројтерс)

    Во писмото напишав дека ќе ѝ понудам пијалок на Мона Лиза, дека ќе ја прашам за Леонардо. Дека сакам да пиеме заедно шприцер, бидејќи никогаш немала шанса да проба. Не очекував дека ќе ме сфатат сериозно“, вели 26-годишната Молинари.

    Молинари и Вотсон седеа на две фотелји, покрај маса со цреши и аперитиви, поставени пред ремек-делото Мона Лиза.

    „Последен пат кога ја видов бев малечка и имаше премногу народ. Не успеав ниту да ја погледнам. Не ја ценев толку многу како денес, бидејќи студирав уметност“, вели таа. Со Вотсон (29) вечераа покрај Милоска Венера, а се прошетаа и низ галериите од 37 километри, заедно со дирекоторката за протокол на Лувр.
    Лани Лувр го посетија над 10 милиони луѓе, со што стана најпосетен музеј во светот.

    Молинари и Вотсон ја поминаа ноќта под стаклената пирамида (Фото: Ројтерс)

    „Специјалната ноќ за двојката беше наша порака за гостопримство, да покажеме дека сме способни да угостиме секого на најдобриот можен начин, дури и за оние луѓе кои немаат навика да одат во музеи“, вели заменик-директорката за менаџмент на Лувр, Ана-Лора Беатрикс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира