ПОТОНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ПЛОВЕЧКИ РЕСТОРАН ОД ХОНГКОНГ

    ПОТОНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ПЛОВЕЧКИ РЕСТОРАН ОД ХОНГКОНГ„Џамбо“ пред неколку дена беше одвлечен од пристаништето (Фото: АФП)

    Едно од обележјата на Хонгконг, пловечкиот ресторан „Џамбо“, потона неколку дена откако беше одвлечен од пристаништето, каде што работеше речиси 50 години. Ресторанот се превртел во Јужнокинеското Море при лоши временски услови, додека бил на пат кон непозната локација.

    „Многу сме тажни поради несреќата, но барем никој не е повреден. Водата на местото на несреќата е длабока над 1.000 метри, поради што беше екстремно тешко да се изврши спасување“, објави „Абердин ентерпрајзис“, сопственикот на ресторанот.

    Тој беше затворен во март 2020, набргу по почетокот на пандемијата на ковид-19. Се верува дека повеќе од три милиони луѓе јаделе во ресторанот познат по кантонската морска кујна, меѓу кои и Елизабета Втора, Том Круз и Ричард Бренсон. Ресторанот исто така се појави во бројни филмови.

    Речиси 80 метри долгиот ресторан го отвори казино магнат од Макао во 1976 година и во меѓувреме стана популарна туристичка дестинација, препознатлив по својата традиционална кинеска декорација. „Џамбо“ со години имаше финансиски проблеми и не работеше профитабилно од 2013.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира