„Green Coast“, водечката дестинација на крајбрежјето во Албанија, воспостави стратешко партнерство со „Nammos Hotels & Resorts“, меѓународно признатиот медитерански бренд, за развој на хотелска и резиденцијална понуда. Оваа најава го означува влезот на брендот „Nammos“ во Албанија и дополнително го зацврстува растечкиот статус на албанската ривиера како дестинација што ја избираат премиум меѓународни брендови.
Партнерството обединува две организации со заедничка посветеност кон квалитетот, создавањето препознатливи дестинации и долгорочниот развој на медитеранското искуство. „Green Coast“ се етаблираше како репер за интегрирано живеење на крајбрежјето на Албанија, комбинирајќи станбени заедници, угостителство, малопродажба и содржини за рекреација во внимателно испланирана средина на јонското крајбрежје. „Nammos“, кој потекнува од Миконос, прерасна во глобална лајфстајл платформа која опфаќа хотели, брендирани резиденции, препознатливи гастрономски концепти, малопродажба и велнес. Со присуство на Миконос, во Дубаи, Кан, Сардинија, Лондон и во Лимасол. Албанија станува седмата земја во светот во која ќе биде присутен брендот „Nammos“.
Планираната дестинација под брендот „Nammos“ во рамките на „Green Coast“ ќе опфати бутик хотел со 29 сместувачки единици, 12 брендирани резиденции, ресторан, дополнителни концепти за храна и пијалаци, како и внимателно селектирана малопродажна понуда, кои ќе функционираат во рамките на долгорочен договор. Проектот ќе биде дизајниран и управуван во согласност со стандардите на брендот „Nammos Hotels & Resorts“, создавајќи лајфстајл дестинација што го одразува глобалниот идентитет на брендот „Nammos“ и препознатливиот природен карактер на албанската ривиера.
„Горди сме што воспоставуваме партнерство со ‘Балфин Груп‘ за овој возбудлив проект, во една од најбрзо растечките дестинации на Медитеранот. ‘Намос Ресорт Албанија‘ ќе донесе ексклузивно, ултралуксузно хотелско искуство на албанската ривиера и ќе стане нов репер за регионот“, вели Петрос Статис, претседател на „Намос“.
Самир Мане, претседател на ‘Балфин Груп‘, вели дека ова партнерство претставува значајна пресвртница во развојот на „Green Coast“.
„Со комбинирање на нашата долгорочна визија за развој на дестинацијата со глобално препознатливата експертиза на ‘Nammos‘, имаме цел да создадеме уникатна понуда што дополнително ќе ја зајакне меѓународната привлечност на албанската ривиера. Заедно создаваме дестинација што ги одразува растечката зрелост и амбицијата на туристичкиот и хотелско-угостителскиот сектор во Албанија“, рече Мане.
„Грин коуст“ (Green Coast) е најзначајниот крајбрежен проект во Албанија, лоциран во Паласа. Развиен преку инвестиција на „Балфин Груп“ во вредност од над од 1 милијарда евра, комплексот обединува премиум станбени заедници, угостителски капацитети, малопродажни содржини, рекреативни зони и содржини што нудат врвен животен стил, во внимателно испланирана крајбрежна средина, дизајнирана за живеење преку цела година и туризам.
„Намос хотели и ресорти“ (Nammos Hotels & Resorts) е хотелскиот и резиденцијален израз на „Намос“, еден од најпрепознатливите светски брендови за луксузен животен стил. Создаден на Миконос во 2003 година, денес е глобално познат по создавањето динамични локации, што ги обединуваат врвната гастрономија, забавата и плажната култура.
*комерцијален текст



