ПРИНЦЕЗАТА САЛМА СТАНА ПРВА ВОЕНА ПИЛОТКА ВО ИСТОРИЈАТА НА ЈОРДАН

    ПРИНЦЕЗАТА САЛМА СТАНА ПРВА ВОЕНА ПИЛОТКА ВО ИСТОРИЈАТА НА ЈОРДАНСалма го прими своето авијациско звање од нејзиниот татко, кралот Абдула (Фото: Ројтерс)

    Јорданската принцеза Салма бинт Абдула стана прва жена во земјата која ја поминала пилотската тренинг обука во јорданските воздушни сили.

    Деветнаесетгодишната Салма, која претходно завршила краток курс на Кралската воена академија во Сендхрст, го прими своето авијациско звање од нејзиниот татко, кралот Абдула. На церемонијата во палатата Хусеинија во Аман присуствувале и нејзината мајка, кралицата Ранија и брат ѝ, престолонаследникот Хусеин.

    Принцезата Салма не е првата жена од јорданското кралско семејство која ја завршила оваа британска воена академија. Тоа прво ѝ успеа на нејзината тетка, принцезата Ајша бинт Хусеин, во 1967 година.

     

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари