Војвотката од Сасекс Меган роди машко дете, објави нејзиниот сопруг, принцот Хари. Тој рече дека се пресреќни и ѝсе заблагодари на јавноста за подрршката за време на бременоста на Меган.
Војводата од Сасекс рече дека мајката и бебето се одлично, додавајќи дека сѐ уште размислуваат за името.
Бакингамската палата соопшти дека бебето тежи 3 килограми и дека војводата присуствувал на породувањето.
Бебето на Хари и Меган Маркл, поранешна американска актерка, е седмо во линијата за кралскиот престол, и е осмо правнуче на Кралицата Елизабета Втора. Тие се венчаа лани на 19 мај.