ПРИНЦОТ ХАРИ ЌЕ СЕ ЖЕНИ НА ПРОЛЕТ

    ПРИНЦОТ ХАРИ ЌЕ СЕ ЖЕНИ НА ПРОЛЕТХари и актерката Меган Маркл се во врска една година, но ретко се појавуваа заедно во јавност (Фото: Гети)

    Британското кралско семејство го очекува нова свадба во 2018 година, откако принцот Хари објави дека ќе се жени.

    Како што беше објавено од кралската резиденција Кларенс, принцот и неговата девојка, актерката Меган Маркл, ќе прават свадба на пролет.

    „Пресреќен сум што можам да ја објавам нашата свршувачка. Добив благослов од семејството на Меган“, изјави Хари, кој е петти во редот за наследувањето на кралската круна.

    Триесет и тригодипниот Хари е во врска со три години повозрасната американска актерка од ноември минатата година, но сѐ до неодамна ретко се појавуваа заедно во јавност.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира