ПРОМОВИРАНА НОВА НИЈАНСА НА ЦРВЕНА БОЈА КОЈА ЈА НАГЛАСУВА ПОЗИТИВНОСТА НА МЕНСТРУАЦИЈАТА

    ПРОМОВИРАНА НОВА НИЈАНСА НА ЦРВЕНА БОЈА КОЈА ЈА НАГЛАСУВА ПОЗИТИВНОСТА НА МЕНСТРУАЦИЈАТАПериод е опишана како енергична и динамична нијанса која ја охрабрува позитивноста на менструацијата (Фото: Пантон)

    Институтот за бои Пантон промовираше нова нијанса на црвена боја наречена „период“, за да помогне да се тргне стигмата што ја следи менструацијата.

    Опишана како енергична и динамична нијанса која ја охрабрува позитивноста на менструацијата, таа е лансирана во рамките на кампањата „Видена+слушната“ на шведскиот бренд за производи за нега „Интимина“.

    „Ова е самоуверена црвена боја, која треба да поттикне позитивни разговори за менструацијата. Активна и авантуристичка, таа им дава храброст и самодоверба на оние кои минуваат низ менструација да се чувствуваат горди со тоа кои се, да ја слават моќната животна сила со која се родени и да зборуваат спонтано и отворено за оваа чиста и природна животна функција“, изјави потпретседателката на Пантон, Лори Пресман.

    Менструацијата и натаму останува табу тема во големи делови од светот, влијаејќи врз здравјето, образованието и социоекономскиот статус на луѓето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира