ПРОМОВИРАНА ПОШТЕНСКА МАРКА ВО ЧЕСТ НА 30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

    ПРОМОВИРАНА ПОШТЕНСКА МАРКА ВО ЧЕСТ НА 30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈАМарката ќе излезе во 6.000 примероци и има номинална вредност од 72 денари (Фото: К. Попов)

    Пошта на Северна Македонија денеска промовираше поштенска марка со која се приклучи на одбележувањето на 30 години независност на Македонија. Директорот Јани Макрадули притоа потсети дека Пошта објави пригодна марка и пред 30 години, во деновите кога Македонија прогласуваше независност.

    „И Пошта е дел од чествувањето 30 години независност на Македонија. Пошта го одбележа почетокот на независноста со пригодна марка од која симболично ечеа зурли и тапани, а денеска промовираме марка со стилизирано македонско знаме, кое, ако погледнеме нагоре, е вградено и во овој објект изграден во 1974 година“, кажа Макрадули.

    Марката ќе излезе во 6.000 примероци.

    „Таа има номинална вредност од 72 денари и ја замолувам Владата повеќе да ја користи оваа марка во овој период“, рече Макрадули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира