ПРОСТИТУТКИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ БУНАТ ОТИ ДРЖАВАТА ПРЕМНОГУ СЕ ГРИЖИ ЗА НИВ

    ПРОСТИТУТКИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ БУНАТ ОТИ ДРЖАВАТА ПРЕМНОГУ СЕ ГРИЖИ ЗА НИВНоќеска познатата улица на црвените фенери во  Хамбург беше преплавена од полиција затоа што некој пуштил солзавец и повредил 28 лица. Сексуалните работнички не го дочекаа новиот закон со голем  ентузијазам.- Репербан во Хамбург (Фото: Хамбургер морген пост)

    Законот во Германија, кој стапи на сила во саботата на 1 јули, има за цел заштита на проститутките од принуда и експлоатација. Но, во познатата област на црвените фенери во  Хамбург, сексуалните работнички не го дочекаа со голем  ентузијазам.

    Лејла, 26-годишна жена од Бугарија, заработува за живот како проститутка во јавна куќа во близина на градот Хамбург, во светски познатиот кварт Репербан, каде што од саботата веќе  се применуваат новите прописи за заштита на сексуалните работници од принуда и експлоатација. Но, Лејла е скептична.

    “Мислам дека е добро да бидеме подобро заштитени”, вели таа. “Но, со новите прописи ќе се постигне токму спротивното”.

    Исто како  Лејла, и другите работнички од  „најстарата професија“ се вознемирени заради прописите што ќе се применуваат ширум Германија.

    Овие прописи меѓу другото предвидуваат сексуалните работници да се регистрираат кај властите, со што ја губат нивната анонимност. Исто така, проститутките мора да подлежат на редовни здравствени проверки. Што се однесува до специфичните сексуални практики, сега со закон се задолжителни кондомите, а забранети се работи како  што се „забави со групен секс” и „неограничен секс за фиксна цена“.

    „Немам регистрирана адреса во Германија, и затоа не можам да се регистрирам кај властите“, изјави Лејла за германската агенција ДПА. „Ако нè фатат  без документи за регистрација, ќе се соочиме со парична казна. Ова нè плаши”, вели Лејла, додавајќи дека сега размислува да се пресели во пооддалечената област на Хамбург.

    Скептицизмот кај сексуалните работници е во спротивност со она што е целта на Сојузното министерство за семејни работи, да ги заштити сексуалните работнички од  присилна проституција и експлоатација.

    Со новата задолжителна регистрација, сексуалните работници ќе треба да се регистрираат со име, адреса и со фотографија и да ги носат документите со себе додека се на работа.

    Здружението на граѓани Дона Кармен, кое работи на заштитата на правата на проститутките, поднесе тужба против новиот закон пред Уставниот суд.  Тие тврдат дека сексуалните работници сега се подвргнати на „систем на понижувачки проверки” и дека се „лишени од основните права”.

    Во Хамбуршката област Репербан пак, клиент по име Томас е исто така скептичен како и давателките на услуги. 52- годишниот Томас, редовно оди на забави со групен секс каде проститутка има секс со неколку мажи. „Се прашувам, зошто се забранува оваа практика и онаа со неограничен секс за паушална цена?” Тој  инсистира дека на ваквите забави нема никаква присила. Сега, тој предвидува дека ваквите практики нема да исчезнат, туку  едноставно ќе се преселат во приватни станови под маската дека се „снимаат порнографски филмови“.

    Менаџерите на јавните куќи велат дека сè уште не знаат какви ќе бидат ефектите од овие одредби. Велат дека за нив ќе има дополнителни обврски – како што е  ставање знак за задолжително користење на кондоми во борделите, или одење на задолжителни здравствени проверки иако тие немаат сексуални односи со клиентите.

    “Знаеме дека многу проститутки не сакаат да ја откријат својата дејност пред властите, бидејќи се плашат од општествената стигма”, вели Марсел Швајцер, портпарол на канцеларијата за социјална заштита во Хамбург.

    Како резултат на тоа, за време на процесот на подготовка на законот, градот се изјасни против воведување на задолжителна регистрација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира