Во северозападен Лондон викендов се отвора првиот музеј на светот посветен на вагината и анатомијата на женските полови органи. Музејот се отвора со помош на јавни донации, откако над 1.000 лица донирале речиси 50.000 фунти.
Директорката Флоренс Шечтер вели дека идеја за ваков музеј добила откако дознала дека во Исланд постои музеј на пенисот, а на ниедно друго место нема музеј за вагината.
„Едноставно, ја обожавам вагината. Јас сум бисексуалка“, вели таа.
Првата изложба е насловена „Митови за вагината и како да се справите со нив“. Таа ги разјаснува заблудите околу хигиена, менструација, сексуални односи и контрацепција.
„Помалку од 50 отсто од светската популација има вагина, најголем дел од нас дошле на овој свет преку неа и пак сѐ уште вагината е табу тема“, стои на постерот за изложбата.
Кога ќе заврши оваа поставка, музејот планира изложба за менструацијата и за социјално-политички прашања.