ПУТИН ЌЕ БИДЕ ЛИК ВО РУСКА АНИМИРАНА СЕРИЈА

    ПУТИН ЌЕ БИДЕ ЛИК ВО РУСКА АНИМИРАНА СЕРИЈАПутин ќе биде лик во серијата „Простоквашино“, популарна во советска Русија, а обновена во 2018 по 30 години. (Фото: ДПА)

    Рускиот претседател Владимир Путин ќе стане херој на популарна анимирана филмска серија, изјави официјален претставник на филмот. Путин ќе биде лик во серијата „Простоквашино“, првично трилогија од анимирани советски филмови базирани на приказните на детскиот автор Едуард Успенски.

    Студиото ќе го нацрта рускиот претседател како филмски лик, изјави раководителката на продуцентската куќа „Сојузмултфилм“, Јулијана Слашчева, на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

    „Ова ќе биде најпопуларната мека моќ досега. Путин и главниот јунак на приказната, мачката Матрошкин, ќе бидат одличен дует за промоција на Русија и нејзината култура“, рече таа.

    Серијата „Простоквашино“ ги раскажува авантурите на едно момче и неговите зборувачки миленици, мачката Матрошкин и кучето Шарик, романтизирајќи го едноставниот живот во едно село. По пауза од над 30 години, од 2018 па досега беа снимени уште околу 160, многу пократки епизоди, во кои дејството беше преместено во денешно време.

    „Советските анимирани филмови уште се многу популарни во земјите од поранешниот Источен блок. Руските анимирани филмови уживаат растечка популарност и во Кина и Југоисточна Азија. Вклучувањето на Путин во серијата дополнително ќе ја зголеми популарноста на Русија таму“, предвидува рече Слашчева.

    Кремљ не изрази никакви забелешки. Портпаролот Дмитриј Песков рече дека Путин бил дел од животот на сите Руси уште од рана возраст. Затоа, интересот на филмското студио е разбирлив и дозволата не е потребна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира