Во чест на докторите, медицинските сестри и здравствените работници кои се во првата борбена линија на коронавирусот низ целиот свет, Летонија постави огромна статуа во главниот град Рига. Уметникот Аигарс Бикше ја претстави скулптурата „Медицинските лица за светот“, на свеченост пред Националниот музеј на уметноста на Летонија во Рига.
Скулптурата е висока речиси 6 метри, а претставува жена облечена во заштитна опрема, маска и ракавици, со стетоскопот закачен околу вратот, розови кломпи и дланките ѝ се подигнати кон небото. Со тоа, уметникот сака да прикаже дека медицинските лица несебично ги примаат сите пациенти заболени од КОВИД-19.
Бикше изјави дека му биле потребни три месеци за да ја изработи, а дека е инспириран од херојските жртви кои медицинските лица ги прават за да ги спасат пациентите.
„Гледајќи ги вестите, забележав како медицинските лица се соочуват со проблеми во Италија, како спијат на подовите по болниците, имаат лузни по лицата од долгото носење на маските. Сфатив дека како уметник, како скулптор, мора да кажам нешто. Многумина дури сега го сфаќаат значењето на медицинскиот персонал“, рече уметникот.