ХОТЕЛОТ „РИЦ ПАРИЗ“ ПОНУДИ 10.000 ПАРЧИЊА МЕБЕЛ КАКО АНТИКВИТЕТИ НА АУКЦИЈА

    ХОТЕЛОТ „РИЦ ПАРИЗ“ ПОНУДИ 10.000 ПАРЧИЊА МЕБЕЛ КАКО АНТИКВИТЕТИ НА АУКЦИЈАВљубениците во уметноста, литературните ентузијасти, па дури и фановите на британската монархија, наддаваат за 10.000 парчиња на аукцијата

    За првпат во својата богата 120-годишна историја, еден од најлуксузните хотели во светот, „Риц Париз“ постави 10.000 предмети на аукцијата која трае до сабота.

    Изминатите години гости на „Риц Париз“ беа членови на кралски семејства, познати политичари, писатели, уметници и филмски ѕвезди, како што се Марсел Пруст, Ернест Хемингвеј, Коко Шанел, Одри Хепберн и принцезата Дијана.

    Познато е дека во хотелот, Пруст ја напишал книгата „Во потрага по изгубеното време” , а пак Коко Шанел живеела и умрела во „Риц“.

    Во 1997 година, најстариот син на Мохамед ал Фајед, Доди и принцезата Дијана, вечераа во хотелот пред да загинат во сообраќајна несреќа.

    Изминатите години гости на „Риц Париз“ беа членови на кралски семејства, познати политичари, писатели, уметници и филмски ѕвезди

    Во сопственост на египетскиот бизнис магнат Мохамед Ал-Фајед, хотелот беше затворен за реновирање од 2012 до 2016 година. Тоа реновирање резултираше со огромна количина на акции кои се достапни на аукцијата.

    Меѓу предметите за продажба има мебел со кадифе, лустери, па дури и када од 19 век. Кадата се очекува да се продаде до 2.500 евра.

    За оние кои се заинтересирани да земат дома поскромни парчиња, понудени се порцеланска фигурина на германскиот поет Гете во износ од 80 евра или маса за телевизор од Виндзорскиот апартман за 800 евра.

    Виндзорскиот апартман е именуван по Војводата и Војвотката од Виндзор – Едвард Осми и неговата сопруга Валис Симпсон, за кои е познато дека поминале многу време таму.

    Аукциската куќа „Арткуријал“ вели дека понудувачите треба да знаат дека нема гаранција дека аукциските парчиња ќе бидат истите што ги користеле гостите и славните, бидејќи со текот на годините, многу предмети се обновени или заменети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира