Брачен пар во северната индиска држава Утараканд го тужи својот син единец и неговата сопруга затоа што не им дале внуче по шест години брак. Сањеев и Садана Прасад, 61 и 57, велат дека ги потрошиле своите заштеди за одгледување на сина си, плаќајќи му ја обуката за пилот, како и за раскошната венчавка. Тие бараат компензација во вредност од речиси 650.000 долари ако не се роди внуче во рок од една година.
Нивниот син и неговата сопруга се без коментир.
Оваа многу невообичаена тужба е поднесена поради „ментално малтретирање“. Прасад рече дека ги потрошил сите свои заштеди за синот, испраќајќи го во САД во 2006 на обука за пилоти што чинело 65.000 долари. Тој се вратил во Индија во 2007, но останал без работа и неговото семејство морало финансиски да го издржува повеќе од две години, објави „Тајмс оф Индија“.
35-годишниот Шри Сагар сепак се вработил како пилот. Неговите родители велат дека во 2016 го договориле неговиот брак со Шубханги Синха, кој сега има 31 година, со надеж дека ќе имаат „внуче со кое ќе си играат“ по пензионирањето.
Судското рочиште е закажано за 17 мај.