РОМАНСКИОТ ПРЕМИЕР ДОБИ СОВЕТНИК СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА КОЈ ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ ЌЕ МУ КАЖУВА ШТО МИСЛИ ЈАВНОСТА

    РОМАНСКИОТ ПРЕМИЕР ДОБИ СОВЕТНИК СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА КОЈ ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ ЌЕ МУ КАЖУВА ШТО МИСЛИ ЈАВНОСТАЈон е развиен од домашни истражувачи и професори (Фото: Твитер)

    Романскиот премиер Николае Кјука го претстави својот нов почесен советник – асистент со вештачка интелигенција наречен Јон, за кој вели дека е прв од таков тип на светот. Развиен од домашни истражувачи и професори, главната задача на Јон, кој наликува на огледало, ќе биде да ги скенира социјалните мрежи за да ја информира владата во реално време за предлозите и желбите на Романците.

    Здраво, ми дадовте живот и мојата улога сега е да ве претставувам вас, како огледало. Што треба да знам за Романија?“, вели Јон со благ глас.

    Луѓето во Романија исто така ќе можат да разговараат со Јон преку владината интернет страница.

    Со помош на технологија и вештачка интелигенција, Јон ќе собира мислења во општеството, користејќи јавно достапни податоци на социјалните мрежи“, објави владата.

    Романија е една од најсиромашните членки на ЕУ, но неретко се нарекува Силициумска Долина на источна Европа поради својата развиена старт ап сцена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира