РОЗОВА СУПЕРМЕСЕЧИНА Е ПРВАТА ОД САМО ДВЕ ОВАА ГОДИНА

    РОЗОВА СУПЕРМЕСЕЧИНА Е ПРВАТА ОД САМО ДВЕ ОВАА ГОДИНАРозова супермесечина снимена од село ‘Ржаничино (Фото: Ѓ. Личовски)

    Првата од само две супермесечини во 2021 година изгреа оваа вечер и иако се нарекува розова, таа воопшто не изгледа така на ноќното небо.

    Супермесечина е полна месечина која игледа поголемо од нормално, што обичен набљудувач можеби нема ни да го забележи. За време на овој феномен, полната месечина може да се чини 14% поголема и 30% посветла отколку кога е најдалеку од Земјата. Таа вечерва е оддалечена 384.400 километри од Земјата, што е 8% поблиску од далечината на просечна полна месечина.

    Априлската полна месечина се нарекува розова, но тоа нема никаква врска со нејзината боја. Според НАСА, името се должи на растението розов мов, кое е едно од најраните пролетни цвеќиња што цутат во САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира