РУДАРИ ВО СРБИЈА ОТКРИЈА ДРЕВЕН РИМСКИ БРОД

    РУДАРИ ВО СРБИЈА ОТКРИЈА ДРЕВЕН РИМСКИ БРОДСе проценува дека бродот потекнува од третиот или четвртиот век (Фото: Археолошки институт)

    Српските археолози внимателно отстрануваат песок и земја од дограмата на древен римски брод, што беше откриен од рудари во голем отворен јагленокоп близу Костолац, 70 километри источно од Белград.

    Откако багер од рудникот Дрмно откри малку дрво, експертите од околниот локалитет кој некогаш била римската населба Виминациум побрзаа да се обидат да го зачуваат скелетот на бродот, што е второ такво откритие во оваа област од 2020 година.

    Бродот веројатно бил дел од речна флота која го опслужувала високо развиениот римски град кој имал 45.000 жители и содржел хиподром, утврди, форум, палата, храмови, амфитеатар, аквадукти и бањи. Водечкиот археолог Миомир Кораќ процени дека бродот потекнува од третиот или четвртиот век кога Виминациум бил главен град на римската провинција Горна Мезија.

    Претпоставуваме дека бродот е римски, но не сме сигурни колку е стар“, кажа Кораќ.

    Ископувањата на Виминациум се вршат од 1882 и археолозите проценуваат дека досега се истражени само 5% од локалитетот, кој има големина од 450 хектари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира