РУСИЈА НАПРАВИ МУЗЕЈ ОД ПАЛАТАТА НА ПОСЛЕДНИОТ РУСКИ ЦАР НИКОЛАЈ ВТОРИ

    РУСИЈА НАПРАВИ МУЗЕЈ ОД ПАЛАТАТА НА ПОСЛЕДНИОТ РУСКИ ЦАР НИКОЛАЈ ВТОРИЗа да ги рекреираат приватните одаи на царот, конзерваторите морале да направат римејк на речиси целиот ентериер. (Фото: „Њујорк тајмс“ )

    Палатата „Александар“, последната резиденција на последниот руски цар Николај Втори, го доби сјајот кој го имала во раните 1920-ти, пред да биде уништена од Втората светска војна и ремоделирањето на Советскиот сојуз. По речиси десетгодишна реставрација, палатата која е надвор од Санкт Петербург е отворена за јавноста како музеј.

    „Оваа пaлата најверојатно ќе биде последната голема руска империјална палата која ќе стане музеј“, вели научничката Татјана Андреева. Тоа е резултат на долгогодишната истражувачка работа на Андреева и голем број колеги, кои повторно ги создале ентериерите работејќи со неколку матни слики во боја, илјадници црно-бели фотографии, неколку акварели, тапети како и мемоари за животот во палатата.

    После повеќе од еден век од крајот на руската монархија, по егзекуцијата на Николај Втори, неговата сопруга, четирите ќерки и нивниот син од болшевиците во 1918, историчарите се потрудија да го ископаат царското минато на земјата.

    Фото: „Њујорк тајмс“

    За некои од нив, палатата „Александар“ стана симбол на помирувањето на Русија со нејзиното минато.

    „Имам сложен став за аристократите од предсоветска Русија. Но, овие палати станаа споменици“, вели аналитичарот Макс Трудољубов.

    Повторно отворената палата ќе им овозможи на посетителите да се нурнат во дел од историјата на земјата и сами да проценат каков бил Николај Втори, смета Лев Лурие, специјалистка за историјата на Санкт Петербург и семејството Романови.

    „Музејот е театар, со претстава која се прикажува без актери“, рече таа.

    За да ги рекреираат приватните одаи на царот, тимот на чело со Марија Рјадова морале да направат римејк на речиси целиот ентериер: паркетот од дабово дрво, волнените килими и свилените завеси, па дури и садовите за плукање кои ги користеле членовите на семејството и гостите.

    При работата, се соочиле со голем број проблеми и предизвици. Рјадова вели дека имале на располагање голем број семејни фотографии, меѓу кои и портрети, но тие не им вршеле многу работа на конзреваторите оти на нив ги немало подовите и таваните. Некои од таваните сѐ уште не се реставрирани, бидејќи тие се надеваат оти ќе најдат дополнителни материјали за да ги направат како оригиналните.

    „Сега на сите им велам, сликајте си ги таваните“, вели Рјадова.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира