РУСИН ГО ТУЖИ „ЕПЛ“ ЗАШТО ТВРДИ ДЕКА „АЈФОН“ ГО ПРЕТВОРИЛ ВО ГЕЈ

    РУСИН ГО ТУЖИ „ЕПЛ“ ЗАШТО ТВРДИ ДЕКА „АЈФОН“ ГО ПРЕТВОРИЛ ВО ГЕЈРусинот бара отштета од 12.000 фунти тврдејќи дека „Епл“ го изманипулирал (Фото: Гети)

    Русин покренал тужба против „Епл“, тврдејќи дека апликација од „ајфон“ го претворила во хомосексуалец. Тој вели дека ова е поврзано со виртуелната валута ГејКоин.

    Тврдејќи дека претрпил морална штета, тој сега бара отштета од еден милион рубли (12.000 фунти), се вели во тужбата што ја има видено агенцијата АФП.

    Тој тврди дека сѐ почнало кога место нарачаните биткоини, преку апликација му пристигнала криптовалута наречена ГејКоин, што било проследено со пораката „Не осудувај додека не пробаш“.

    „Помислив, тоа е навистина така. Затоа решив да пробам истополов секс. Сега имам дечко и не знам како тоа да им го објаснам на моите родители“, се вели во тужбата поднесена на 20 септември.

    „Животот оттогаш ми се смени на полошо и никогаш повторно нема да бидам нормален. ‘Епл‘ ме натера на хомосексуалност преку манипулација“, додава тој.

    Првото сослушување на суд е закажано за 17 октомври.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари