САД ЈА БАРА ЗАРАБОТКАТА ОД ПРОДАЖБАТА НА МЕМОАРИТЕ НА СНОУДЕН

    САД ЈА БАРА ЗАРАБОТКАТА ОД ПРОДАЖБАТА НА МЕМОАРИТЕ НА СНОУДЕНКнигата во исто време излезе во 20 земји, меѓу кои и САД и Велика Британија (Фото: ЕПА)

    Американското министерство за правда поднесе граѓанска тужба против Едвард Сноуден со цел да се добие целата заработка од неговата нова книга која излезе вчера. Во тужбата е наведено дека не бараат да се сопре објавувањето или диструбуцијата на мемоарите, насловени „Перманент рекорд“ (Permanent Record.)

    Сноуден во САД веќе се товари за издавање тајни документи на специјалните служби и му се закануваат до 30 години затвор. Тој е поранешен вработен во Националната безбедносна агенција на САД (НСА), а во книгата ја опишува неговата криза на совеста што довело до тоа да ги открие информациите,

    „Нема да дозволиме поединци да се збогатат на сметка на државата, без да ги исполнат обврските во однос на договори за пред-објавување“, рече адвокатот Џоди Хант.

    Триесет и шестгодишниот Сноуден денес живее во Русија, кадешто доби азил. Откако протекоа информациите од НСА, тој ги напушти САД и беше задржан на аеродромот во Москва. Неговата приказна веќе е опишана во неколку филмови и книги.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира