САД ЛАНСИРАА НОВА МИСИЈА НА МАРС ВО НАЈАМБИЦИОЗНИОТ ОБИД ДОСЕГА ДА ПРОНАЈДЕ ТРАГИ НА ЖИВОТ

    САД ЛАНСИРАА НОВА МИСИЈА НА МАРС ВО НАЈАМБИЦИОЗНИОТ ОБИД ДОСЕГА ДА ПРОНАЈДЕ ТРАГИ НА ЖИВОТ„Персеверенс“ важи за најсофистицираниот ровер на НАСА досега, опремен со камери, микрофони, дупчалки и ласери (Фото: АП)

    НАСА денеска од Флорида ја лансираше својата најнова мисија на Марс, во најамбициозниот обид досега да пронајде докази дали некогаш имало живот на „црвената планета“.

    Роверот „Персеверенс“ ќе помине 480 милиони километри за седум месеци пред да се спушти во кратерот Езеро и со себе носи научни експерименти кои ќе се обидат да детектираат фосилизирани траги на живот. Пред неколку милијарди години, кога Марс бил повлажен, кратерот содржел езеро, во кое можеби имало услови за живот за примитивни организми, како микроби.

    Според администраторот на НАСА Џим Брајденстин, патеката кон Марс се отвора само еднаш во 26 месеци, кога тој доаѓа најблиску до Земјата, па освен САД, свои мисии овој месец лансираа и Кина и Обединетите Арапски Емирати.

    „Персеверенс“ важи за најсофистицираното возило на НАСА досега. Опремено е со камери, микрофони, дупчалки и ласери, а има погон на плутониум. Тој треба да ископа и избере геолошки материјал кој ќе биде донесен на Земјата во 2031 година.

    САД се единствената земја која досега безбедно спуштила вселенско возило на Марс, и тоа осум пати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира