САД ПО 100 ГОДИНИ ЌЕ Ѝ ПОЗАЈМАТ СЛАВНО БРИТАНСКО ДЕЛО НА БРИТАНИЈА ЗА ИЗЛОЖБА

    САД ПО 100 ГОДИНИ ЌЕ Ѝ ПОЗАЈМАТ СЛАВНО БРИТАНСКО ДЕЛО НА БРИТАНИЈА ЗА ИЗЛОЖБА„Синото момче“ е атракција во Уметничката галерија Хантингтон во Калифорнија. (Фото: АП) 

    Популарна слика од еден од најславните британски портретисти Томас Гејснборо, „Синото момче“ (The Blue Boy), по 100 години ќе се врати во Велика Британија. После еден век јавни апели, молби и тага од британската јавност, делото во 2022 ќе биде изложено во Националната галерија во Лондон.

    Сликата првично била во сопственост на Војводата од Вестминистер, и пред 100 години откупена од американскиот магнат Хенри Е. Хантингтон за 728 илјади долари. Во тоа време, британските весници ја опишале како „најубавата слика на светот“.

    Оттогаш сликата е атракција во Уметничката галерија Хантингтон во Калифорнија, никогaш не била позaјмена за ниту една локација.

    Габриел Финалди, директор на Националната галерија, изјави дека тоа што сликата во 2022 ќе им биде позајмена „е ретка можност да го видат Гејснборо во најдобро светло, ремек-дело на британската уметност“.

    „Синото момче“ била насликана околу 1770, и првичниот назив бил „Портрет на млад џентлмен“, но станала позната по скратениот назив. Пред да отпатува за САД, била изложена и за 3 недели ја виделе над 90 илјади лица. Во САД била огромен хит, се има појавено и во филмот на Тим Бартон од 1989 „Бетмен“, а копија се појави и во „Џокер“ од 2019 на Тод Филипс.

    „Синото момче“ беше инспирација и за костимот на Џејми Фокс во филмот „Џанго“ на Квентин Тарантино.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира