САКАМ ДА БИДАМ КАКО ПАНДЕВ, ВЕЛИ 12-ГОДИШНИОТ ИЛИЈА ГЕОРГИЕВ, КОЈ ТРЕНИРА И ИГРА ЗА ГРЧКИОТ КЛУБ МАРМАРАС

    САКАМ ДА БИДАМ КАКО ПАНДЕВ, ВЕЛИ 12-ГОДИШНИОТ ИЛИЈА ГЕОРГИЕВ, КОЈ ТРЕНИРА И ИГРА ЗА ГРЧКИОТ КЛУБ МАРМАРАСМладиот македонец Илија Георгиев, роден во Грција навива за Академија Пандев, а игра за младинските школи на клубот во Неос Мармарас во Грција каде е еден од најдобрите млади фудбалери. ( Фото: СДК.МК )

    Дванаесетгодишниот Илија Георгиев редовно игра за фудбалскиот клуб Мармарас во Грција. Ја посетува познатата фудбалска школа од ова приморско гратче на полуостровот Ситонија и според тренерот на клубот, редовно тренира со пионерската и младинската екипа за играчи над 14 години, иако е две години помлад од останатите.

    „Мајка ми е од Радовиш, а татко ми од струмичкото село Василево. Пред петнесетина години дошле на работа во ова гратче и тука останале“, на течен македонски јазик ни кажа Илија.

    Како што вели Георгиев, добро е примен од соучениците, одличен ученик е и слободното време најмногу го поминува на фудбалското игралиште кое се наоѓа на крајот од градот. Не му пречи дотаму да оди пешки на тренинг.

    Георгиев редовно тренира со пионерската и младинската екипа за играчи над 14 години, иако е две години помлад од останатите. (Фото: СДК.МК)

    Од талентот и упорноста на Илија се задоволни и тренерите и управата. Сениорската екипа на Мармарас игра во третата лига, па со оглед на тоа, управата одлучила да се фокусира на фудбалски школи за пионери и младинци и на тој начин да создаде млада и перспективна екипа за иднина.

    Младиот македонски фудбалер навива за Партизан, но во срцето му се Академија Пандев и Горан Пандев, за кои со воодушевување зборува.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира