„САМСУНГ“ СО ПОДАРОЦИ ЗА КУПУВАЧИТЕ НА НОВАТА „ГАЛАКСИ С“ СЕРИЈА

    „САМСУНГ“ СО ПОДАРОЦИ ЗА КУПУВАЧИТЕ НА НОВАТА „ГАЛАКСИ С“ СЕРИЈАПромотивната понуда важи за уредите С10е, S10 и С10+ купени во периодот од 10 мај до 7 јуни.

    „Самсунг“ има изненадување за сите идни сопственици на „галакси С10“ серијата, бидејќи со купувањето на некој од новите уреди С10е, S10 и С10+, тие на подарок ќе добијат безжични слушалки „Y500 AKG Harman“, во вредност од 14.500 денари. Тие исто така ќе добијат осигурување на една година во случај на оштетување на екранот.

    Правото на подарок и на осигурување на екранот се стекнува доколку во рок од седум дена од датумот на купувањето се регистрираат на страницата www.samsungsp.eu/mk/. Поволностите можат да ги искористат и правни лица.

    Промотивната понуда важи за уредите купени во периодот од 10 мај до 7 јуни, додека регистрацијата трае од 10 мај до 14 јуни. Оваа акција се однесува само на уредите купени кај официјалните продажни партнери на компанијата „Самсунг“. Повеќе информации можат да се пронајдат на линкот www.samsung.com/rs/offer/samsung-podaruva-mk/.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари