САРА ТОМАС ПОБЕДИ РАК И СТАНА ПРВ ЧОВЕК КОЈ ЧЕТИРИ ПАТИ БЕЗ ПРЕКИН ГО ПРЕПЛИВАЛ ЛА МАНШ

    САРА ТОМАС ПОБЕДИ РАК И СТАНА ПРВ ЧОВЕК КОЈ ЧЕТИРИ ПАТИ БЕЗ ПРЕКИН ГО ПРЕПЛИВАЛ ЛА МАНШНа Сара Томас ѝ требаа повеќе од 54 часови за да го комплетира подвигот

    Американката Сара Томас стана прв човек кој четири пати непрекинато го препливал каналот Ла Манш.

    Триесет и седумгодишната Томас го почна својот подвиг во раните утрински часови во неделата, а финишираше по повеќе од 54 часови. Ултрамаратонската пливачка, која пред една година го заврши лекувањето на рак на дојка, го посвети својот подвиг на сите кои го преживеале истото.

    „Ова е вистински триумф, таа ги тестираше границите на издржливост. Ова е неверојатно, апсолутно инспирирачки. На крајот, сите бевме многу емотивни“, изјави официјалниот набљудувач Кевин Марфи.

    Пред Томас, само тројца пливачи го имаа поминато Ла Манш трипати без запирање. Таа претходно го имаше препливано Ла Манш во 2012 и 2016 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира