СЕ ПРЕТЕРА СО КАМПАЊАТА ПРОТИВ МАЖИТЕ, ВЕЛИ КАТРИН ДЕНЕВ

    СЕ ПРЕТЕРА СО КАМПАЊАТА ПРОТИВ МАЖИТЕ, ВЕЛИ КАТРИН ДЕНЕВЈа опишаа глобалната кампања против сексуалното вознемирување како пуританска. - Катрин Денев (Фото: Ројтерс)

    Француската актерска легенда Катрин Денев и 99 други Французинки ја нападнаа кампањата против мажите, што уследи по скандалот со продуцентот Харви Вајнстин, опишувајќи ја кампањата против сексуалното вознемирување наречена #Metoo како пуританска и дека се води од омраза кон мажите.

    Откако се дозна дека Вајнстин со децении сексуално вознемирувал и напаѓал актерки и други вработени во Холивуд, милиони жени од целиот свет ги споделија своите непријатни искуства на социјалните мрежи, користејќи го хаштагот Metoo, односно SquealOnYourPig во Франција.

    „Оваа потреба да се праќаат мажи во кланица, место да им се помогне на жените да бидат поавтономни, им помага на непријателите на сексуалната слобода. Оваа кампања е типично пуританство“, се вели во писмото потпишано од 100 жени, вклучувајќи ја и 74-годишната Денев.

    Министерката Марлен Скјапа кажа дека скандалот на Вајнстин го смени односот кон сексуалното вознемирување во Франција, покренувајќи и промена на закони. Но, за Денев, ова сега отиде предалеку.

    „Оваа одмаздничка правда ги казнува мажите на работно место, некои беа принудени да дадат отказ, само затоа што допреле нечие колено, сакале да бакнат некого или зборувале за интимни работи за време на вечера. Ние го браниме правото на блискост, затоа што таа е важна за сексуалната слобода“, стои во писмото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира