СĖ ШТО ЛЕТА МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ НА АВИО САЕМОТ ВО ПАРИЗ, МАКРОН СЛЕТА СО ВОЕН АВИОН

    СĖ ШТО ЛЕТА МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ НА АВИО САЕМОТ ВО ПАРИЗ, МАКРОН СЛЕТА СО ВОЕН АВИОНСАД и Европа неизбежно ќе се натпреваруваат кој ќе направи повеќе, соопштувајќи големи зделки за време на саемот - шоу на Боинг 737 макс првиот ден од саемот Бурже (Фото: Ројтерс)

    Ербас и Боинг ќе бидат во центарот на вниманието на париското шоу за авиони што се одржува секоја втора година на аеродромот Бурже . Цела недела ќе се случуваат многу интересни работи на најголемиот собир за авијација и воена индустрија што се отвори во понеделникот со спектакуларно слетување на францускиот претседател Емануел Макрон со воениот транспортен авион Ербас А400-М.

    Макрон, сакајќи да си го подигне меѓународниот рејтинг го избра токму А400-М за да поттикне доверба во европскиот проблематичен проект за воен транспорт во Европа.

    Авионот  Ф-35 на Локид Мартин ќе ги привлече погледите со брзите прелети, а дроновите пак ќе бидат жешка тема и нешто што треба да биде летачки автомобил ќе покаже дека сме поблиску да се одлепиме од земјата во возило за широка потрошувачка.

    Макрон, сакајќи да си го подигне меѓународниот рејтинг го избра токму А400-М за да поттикне доверба во европскиот проблематичен проект за воен транспорт во Европа. – Тој седеше во кокпитот и така слета отварајќи го 52. саем на авијација во Бурже (Фото: Ројтерс)

    Производителите на воена опрема ќе бараат муштерии за нивната најнова технологија, вклучувајќи дронови кои се направени со цел да бидат користени како партнери во воен авион.

    САД и Европа неизбежно ќе се натпреваруваат кој ќе направи повеќе, соопштувајќи големи зделки за време на шоуто. Оваа година се очекува Боинг и Ербас да соопштат дека имаат околу 200 нарачки, иако и двете компании нема да претстават нов авион. Сепакм можеби најмногу внимание ќе привлечат најновите модели на Боинг 787 и А350-1000.

    Невидливиот авион Ф-35, кој чини околу 100 милиони долари, треба да биде ѕвезда меѓу 130-те летала на шоуто. Направен да ги пронаоѓа целите на земјата и на небото, без да биде детектиран, авионот секој ден ќе има летови за да ги импресионира потенцијалните странски купувачи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира