СЕКС БЕЗ ЈАСНА СОГЛАСНОСТ ОД ПАРТНЕРОТ ОТСЕГА ЌЕ СЕ СМЕТА ЗА СИЛУВАЊЕ ВО ШВЕДСКА

    СЕКС БЕЗ ЈАСНА СОГЛАСНОСТ ОД ПАРТНЕРОТ ОТСЕГА ЌЕ СЕ СМЕТА ЗА СИЛУВАЊЕ ВО ШВЕДСКАШведскиот премиер Штефан Лофвен го иницираше овој закон во екот на глобалните кампањи против сексуална злоупотреба (Фото: АФП)

    Во Шведска на сила стапи нов закон, според кој секој сексуален чин за кој нема јасна согласност од партнерот ќе се смета за силување. Ваков закон претходно беше донесен во неколку други европски земји.

    Одредбата за согласност е дел од поширокото законодавство против сексуален криминал, што шведскиот парламент го усвои во мај.

    Претходно, на едно лице можеше да му се суди за силување само доколку постојат докази за закана или насилство.

    Според новиот закон, сексуална активност за којашто нема јасна согласност од партнерот или друг облик на согласување ќе се смета за силување. Законот не дозволува пасивност како знак на доброволно учество или како одбрана.

    Донесувањето на овој закон го покрена шведскиот премиер Штефан Лофвен, во екот на глобалните кампањи против сексуална злоупотреба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира