ШЕКСПИРОВИОТ ГЛОБ ТЕАТАР ПОБАРА ИТНА ПОМОШ ЗА ДА СЕ СПАСИ ОД БАНКРОТ

    ШЕКСПИРОВИОТ ГЛОБ ТЕАТАР ПОБАРА ИТНА ПОМОШ ЗА ДА СЕ СПАСИ ОД БАНКРОТОд театарот велат дека пандемијата имаше уништувачки ефекти врз него (Фото: Гети)

    Шекспировиот Глоб театар побара итна финансиска помош со цел да избегне банкрот поради уништувачките ефекти на пандемијата на коронавирусот.

    Култниот лондонски театар не работи од 20 март и ги предупреди пратениците во британскиот парламент дека „е критично ранет и се соочува со затворање“. Оттаму кажаа дека им се потребни најмалку пет милиони фунти за да можат да функционираат.

    „Ако итно не добиеме средства, ќе ги потрошиме нашите последни резерви и ќе стане несолвентни. Ситуацијата финансиски нѐ уништи и дури би можела да доведе до наше целосно затворање“, соопшти театарот.

    Театарот не добива годишни средства од Националниот совет за култура на Англија и во најголем дел се финансира од продадени билети, туристички тури и работилници. Во Глоб имаат играно низа актерски ѕвезди, како Ијан Мекелен, Кристофер Пламер, Џуди Денч и Реиф Фајнс. Тој има гостувано во Скопје и Битола во 2014 година, во рамките на својата двегодишна светска турнеја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира