ШКОТСКИ УЧИТЕЛ ПРЕД 200 ГОДИНИ СОЗДАДЕ ВИСКИ ШТО ГО ОСВОИ СВЕТОТ

    ШКОТСКИ УЧИТЕЛ ПРЕД 200 ГОДИНИ СОЗДАДЕ ВИСКИ ШТО ГО ОСВОИ СВЕТОТЛимитираното издание на шкотското виски „макалан“ создадено во чест на 200-годишнината беше промовирано и во Скопје.Регионалната бренд амбасадорка Ана Метаксас од Грција. (Фото: Пивара Скопје)

    Земјоделците во шкотската областа Спајсајд со векови правеле виски на нивните фарми користејќи го вишокот јачмен во текот на зимските месеци. Во 1824, шкотскиот учител Александар Рид, кој бил и земјоделец и одгледувал јачмен, ја основал дестилеријата „Макалан“, која набргу била една од првите во Шкотска што добила лиценца за легално производство на виски.

    Имотот Макалан е во областа чие првобитно име е Магелан, според галскиот збор „маг“, што значи плодна почва и „Елан“, од монахот Св. Филан кој имал блиска врска со црквата која постоела на теренот на имотот до 1400 година. Производот на дестилеријата „Макалан“ во текот на 200 години постоење е вброен меѓу најдоброто виски од еден слад (сингл малт) во светот.

    Создавањето на вискито „макалан“ се потпира на виталните влијанија од Шпанија, Северна Америка и Шкотска – и на нивните природни суровини, во комбинација со традиционалните методи и изработка. Дестилеријата е позната по исклучителни дабови буриња кои се прават под надзор на мајсторот на дрвото на „Макалан“, а потоа се бираат по спецификациите на мајсторскиот тим за виски. Од дестилеријата велат дека квалитетот на вискито до 80% зависи од квалитетот на дабовите буриња во кои е созреан. Современата дестилерија „Макалан“ е дизајнирана од меѓународно реномирани архитекти инспирирана од древните шкотски ридови што го опкружуваат имотот од 196.273 хектари.

    Годинава, во чест на 200-годишнината, создадено е лимитираното издание виски „The Macallan Time:Space Mastery“, за кое во едно шише се сплотени вкусови на виски одлежани во 14 видови буриња, што на пијалакот му дава комплексна длабочина на арома, текстура и вкус. Македонија доби шест шишиња од ова специјално издание, кое во четвртокот во Скопје го промовираше регионалната бренд амбасадорка Ана Метаксас од Грција.

    „Од 1824 година, ‘Макалан’ гради светска репутација не само поради својот извонреден вкус и посветеноста кон врвен квалитет, туку и поради заедништвото кое е водечка вредност на брендот“, рече Метаксас.

    На промоцијата беше кажано дека во Македонија специјалното издание на ова виски ќе биде достапно за купување само за колекционери, како и за дегустација во ексклузивни локали.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира