ШТЕДЕЊЕТО ПАРИ ВО БАНКА Е БЕЗБЕДНА ИНВЕСТИЦИЈА СО МИНИМАЛЕН РИЗИК, А ПРИСТАПОТ ДО СРЕДСТВАТА Е БРЗ И ЛЕСЕН

    ШТЕДЕЊЕТО ПАРИ ВО БАНКА Е БЕЗБЕДНА ИНВЕСТИЦИЈА СО МИНИМАЛЕН РИЗИК, А ПРИСТАПОТ ДО СРЕДСТВАТА Е БРЗ И ЛЕСЕН(Фото: СДК.МК)

    Кога се мисли на инвестирање, најчесто станува збор за акции, недвижен имот или странски валути. Сите тие нудат одреден долгорочен поврат на средствата, но и одреден степен на ризик, утврдени минимални износи како почетна инвестиција и одредена расположливост на вложените средства. Штедењето пари во банка е инвестиција која носи минимален ризик, безбедна е и имате брз и лесен пристап до вашите средства.

    „Халкбанк“ АД Скопје во својата понуда има повеќе опции за штедење, при што Evolve и Онлајн депозитите можат да се отворат директно преку платформата за електронско банкарство. Најновата понуда е Промо депозитот, каде што минималниот износ на вложување е 30.000 денари (500 евра), каматната стапка е фиксна, а рокот на орочување е 13 и 25 месеци.

    Ова се петте најголеми придобивки од штедењето во банка:

    Минимален ризик

    Депонирањето парични средства во банка не подлежи на трошок, односно не се губи дел од вложените средства. Вашата штедна сметка не се намалува, напротив, може само да се зголеми. Најголемата предност на банкарското штедење е што вашите средства се безбедни и заштитени од брзи и непредвидени промени.

    Парите на сметката се секогаш достапни

    За разлика од парите инвестирани на берза или во недвижности, парите на вашата банкарска сметка за штедење ви се достапни во секој момент. Дури и средствата да се орочени на одреден временски рок, повторно можете да ги повлечете, а единственото нешто што би го изгубиле е каматата на орочените средства.

    Не бара голема почетна инвестиција

    Многу инвестиции, како недвижниот имот, бараат значителна сума пари како почетна инвестиција. Од друга страна, повеќето штедни сметки во банка имаат исклучително ниски минимални почетни инвестиции. Едноставно го инвестирате тоа што го имате и вложувате секој пат кога ќе имате дополнителен прилив на средства.

    Можете да ги следите вашите трошоци

    Една од главните придобивки на штедењето пари во банка е што ви овозможува да ги следите вашите трошоци. Способноста да го следите вашето трошење може да биде многу корисно доколку постојано се прашувате каде одат сите ваши пари.

    Можете да заработите камата на вашите заштеди

    Можеби нема да се збогатите од месечната камата на вашите заштеди во банка, но ќе заработите повеќе отколку вашите пари да собираат прашина во вашиот дом.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира