ШТО ПРАВИШ КОГА ИМАШ МЕНСТРУАЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ? – ОБУКА ЗА БРИТАНСКИТЕ НАУЧНИЧКИ ВО ПОЛАРНИТЕ ЕКСПЕДИЦИИ

    ШТО ПРАВИШ КОГА ИМАШ МЕНСТРУАЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ? – ОБУКА ЗА БРИТАНСКИТЕ НАУЧНИЧКИ ВО ПОЛАРНИТЕ ЕКСПЕДИЦИИСè повеќе научнички се дел од британските експедиции за истражувања на Арктикот. (Фото: БАС)

    Справувањето со менструалниот циклус за време на теренската работа на Арктикот или Антарктикот може да биде предизвик. А сепак, зборувањето за менструацијата остана табу. Затоа, оваа тема е на агендата за Поларната мрежа на Обединетото Кралство (УКПН), волонтерска организација која претставува повеќе од 400 научници на почетокот на кариерата, и која почна нова работилница за директно да се справи со проблемот.

    „Имав многу мои пријатели и мои врсници кои дојдоа и ми кажаа: ‘Боже, не можев да разговарам со никого за ова; се чувствував толку непријатно; понекогаш се чувствував исплашена’“, објаснува Ели Хонан, поларна научничка која има 20-тина години и е копретседателка на УКПН. „Причината поради која сакаме да ги покренеме овие теми, колку и да изгледаат едноставни и основни, е затоа што историски одржувањето менструална хигиена, всушност, беше пречка за жените да одат на теренска работа“.

    Неодамнешен извештај откри дека жените кои работат во австралиските кампови за истражување на Антарктикот чувствуваат оти мораат да кријат дека имаат менструација и да ги штедат тампоните, во услови на широко распространето сексуално вознемирување. Авторката на извештајот, проф. Мередит Неш, вели дека по нејзината работа таму има „значителен напредок да се направи менструалната хигиена подостапна при поларните теренски работи“.

    На работилницата, на студентите им се прикажуваат различни производи, од менструални чашки до менструални гаќи, и како да ги користат во екстремни средини. Менструалните чашки се навистина корисни за поларните истражувачки, бидејќи се носи само една наместо голем голема залиха тампони која треба да трае со месеци, но тие можат да му бидат незгодни на почетниците – не се корисни ако сте на половина пат до глечерот и сте не сте навикнале да ги користите.

    „Се прашувам дали луѓето не прават теренска работа и не се занимаваат со наука затоа што се загрижени за табуата, нештата за кои не се зборува“, вели 26-годишната докторантка Фиби Нобл.

    Таа работи на набљудување на атмосферската динамика, наука на високо ниво, но нејзиниот став за менструалната хигиена е многу поедноставен.

    „Кога имав 13 години, на училиште ги шверцувавме влошките во тоалетот затоа што не сакавме луѓето да знаат дека имаме менструација. А потоа размислувате да одите на терен каде што не знаете какви услови ќе имате, така што да се дискутира отворено за ова е навистина важно“.

    Британската агенција за истражување на Антарктикот (БАС), национална агенција за поларни истражувања, формира работна група за да подготви совети за справување со менструалнуот циклус во поларни услови.

    „Треба да имате разбирање за вашите колеги… овозможете достоинство, приватност и одмор по потреба“, објаснува Рач Морис од БАС, која се сеќава дека морала да смени тампон додека била во шатор, во тешки услови со присутни колеги и кучиња. Имала среќа што добро го познавала својот тим и вели дека е клучно да се биде подготвен и да се има разбирање со колегите.

    БАС почна на персоналот да му дава надомест за ментруални производи, да ги истражува опциите за немашка облека и да им дава бесплатни инки за мочање на оние што сакаат, за да се овозможи мочање стоејќи заради безбедносни цели. Личната хигиена, дехидрацијата и ризикот од добивање инфекции на уринарниот тракт исто така се дискутираат пред теренската работа, за да се спречи луѓето да избегнуваат да одат во тоалет ако се премногу срамежливи или работат премногу напорно.

    Работилницата за лична хигиена се спроведува како дел од севкупниот курс за вештини за преживување на Дартмур, Девон. Тоа е првиот чекор во четиригодишната програма која има за цел да земе на поларни експедиции 16 учесници, сите во нивните 20-ти години и избрани од универзитетите во Велика Британија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира