ШВЕДСКА ЌЕ ГО ОРГАНИЗИРА ПРВОТО ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО СЕКС, ЌЕ ИМА 16 ДИСЦИПЛИНИ

    ШВЕДСКА ЌЕ ГО ОРГАНИЗИРА ПРВОТО ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО СЕКС, ЌЕ ИМА 16 ДИСЦИПЛИНИГрадот-домаќин ќе биде Гетеборг и досега се најавени претставници од 20 европски земји

    Откако стана првата земја која го прогласи сексот за спорт, Шведска ќе биде домаќин и на првото Европско првенство во секс, кое почнува на 8 јуни. Првенството го организира Шведската секс федерација (ССФ), која постои од 2016 година и ќе трае неколку недели, а во еден ден ќе има шест часа „натпреварувања“.

    Градот-домаќин ќе биде Гетеборг и досега се најавени претставници од 20 европски земји. Тие ќе можат да се натпреваруваат во 16 различни дисциплини, како заведување, масажа, предигра, орален секс, пенетрација, издржливост, креативност во менување пози, бројот на оргазми и други, а „мечевите“ ќе траат околу 45 минути.

    За победниците ќе одлучуваат специјални жирија, заедно со публиката. Во секоја дисциплина, учесниците ќе можат да добијат меѓу пет и десет поени. Европската секс федерација објави дека ја почитува различноста и прифаќа учесници од секаков пол и сексуална ориентација.

    Признавањето на сексот за спорт беше неизбежно. Докажани се придобивките на сексот за физичката и менталната добросостојба, а како и во секој друг спорт, посакуваните резултати се постигнуваат низ тренинг“, изјави претседателот на федерацијата Драган Братич.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира