СИМПТОМИТЕ НА ДОЛГИОТ КОВИД МОЖАТ ДА ТРААТ СО МЕСЕЦИ, НАУЧНИЦИТЕ УШТЕ НЕ ЗНААТ ЗОШТО НЕКОИ ЛУЃЕ НЕ ЗАЗДРАВУВААТ

    СИМПТОМИТЕ НА ДОЛГИОТ КОВИД МОЖАТ ДА ТРААТ СО МЕСЕЦИ, НАУЧНИЦИТЕ УШТЕ НЕ ЗНААТ ЗОШТО НЕКОИ ЛУЃЕ НЕ ЗАЗДРАВУВААТЕкспертите велат дека исцрпувачкиот замор е најчестиот симптом на долгиот ковид (Фото: Гети)

    За повеќето луѓе, ковид-19 е кратка и блага болест, но некои со месеци продолжуваат да чувствуваат симптоми како замор, постојана болка и губење здив. Состојбата наречена долг ковид има исцрпувачки ефекти врз животите на луѓето и чести се приказните како тие чувствуваат тежок умор и по кратка прошетка.

    Веќе е познато дека заразата со коронавирус може да има долготрајни последици, но научниците и натаму немаат некои основни одговори, како, на пример, зошто на некои им треба долго време да заздрават, ако воопшто заздрават. 

    Не постои медицинска дефиниција или листа на симптоми на долгиот ковид, но најчест е онеспособувачки замор. Во симптоми влегуваат и губење здив, постојана кашлица, болка во зглобовите и мускулите, проблеми со слухот и видот, главоболка, губење на чувството за мирис и вкус, како и оштетувања на органи. Некои пациенти искусуваат и психички проблеми, како депресија и вознемиреност.

    Долгиот ковид не е карактеристичен само за оние кои завршуваат на интензивна нега, туку дури и оние кои имаат благи симптоми може да имаат подолготрајни здравствени проблеми.

    Апликацијата за следење на симптомите на ковид-19, што ја користат четири милиони луѓе во Велика Британија, покажала дека 12% од заразените имале симптоми 30 дена, а 2% и до 90 дена.

    Нема научна потврда за тоа на кој начин коронавирусот предизвикува долг ковид. Вирусот може да се изгуби од најголемиот дел од телото, но да продолжи да тлее во некои мали џебови. Коронавирусот исто така може да иницира прекумерна реакција на имунолошкиот систем, што води кон оштетувања во телото.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира