СИРИСКИ БЕГАЛЕЦ КОЈ ВО 2015 ПРЕКУ БАЛКАНОТ СТИГНАЛ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ КАНДИДИРА ЗА БУНДЕСТАГ

    СИРИСКИ БЕГАЛЕЦ КОЈ ВО 2015 ПРЕКУ БАЛКАНОТ СТИГНАЛ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ КАНДИДИРА ЗА БУНДЕСТАГТарек Алаовс вели дека сака да биде гласот на бегалците и мигрантите во Германија (Фото: АП)

    Пред шест години, Тарек Алаовс избегал од војната во својата родна земја Сирија, го поминал Средоземното Море во скромен гумен чамец и преку Балканот стигнал до Германија. Во меѓувреме, 31-годишниот Алаовс течно го научил германскиот јазик, нашол стабилна работа и сега се кандидира за пратеник во германскиот парламент.

    „Се кандидирам за пратеник во Бундестаг како прв бегалец од Сирија. Сакам да бидам гласот на бегалците и мигрантите во Германија и да се борам за разновидно и фер општество за сите“, вели Алаовс, кој лани ѝ се придружил на Партијата на зелените.

    Во Сирија, тој учествувал во мирни протести против владата на Ал-Асад, додека студирал право на Универзитетот во Алепо и волонтирал во Црвен крст.

    „Во 2015, кога војната во Сирија веќе стана брутална, решив да избегам во место каде што ќе можам да живеам безбедно и достоинствено“, изјави тој.

    По доаѓањето во Дортмунд во септември 2015, Алаовс се соочил со лошите услови во кои живеат бегалците, па одлучил повторно да се активира. Денес работи во невладина организација од Берлин како правен советник на лицата кои бараат азил.

    До крајот на 2020, во Германија имаше 818.460 Сиријци, а вкупно 21,2 милиона жители имаат мигрантско потекло, најмногу од Турција, Балканот и Полска. Сепак, од 709 пратеници кои влегоа во парламентот по изборите во 2017, само 58 или 8,2% имаат мигрантски корени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира