Џиновска скулптура на глава која ја менува бојата е поставена во централен Лондон покрај реката Темза, за подигнување на свеста за менталното здравје. Скулптурата „Глава над водата“, тешка десет тони, е дело на британскиот дизајнер на мебел и ламби Стјуарт Пејдвик, а нејзиното поставување се совпадна со Лондонскиот саем за дизајн.
Пејдвик рече дека осветлувањето на неговата деветметарска дрвена скулптура, може да се менува, за да ги покаже расположенијата на човечкиот мозок: среќа, тага, радост.
„Целта на делото е да ја подигне дебатата за менталното здравје“, рекоа од „Време за промена“, една од двете здруженија за ментално здравје кои ги поддржаа проектот. „Ова е симбол на надеж, храброста, сочувство, позитивност и промена, за оние кои се соочуваат со проблеми во менталното здравје, како и за луѓето кои ги поддржуваат“, велат од „Време за промена“.