СЛОНИЦИТЕ ДУЊА И ДАЕЛА ТРИ ПАТИ НА ДЕН СЕ ПРСКААТ СО ВОДА-ФОТОГАЛЕРИЈА ОД СКОПСКАТА ЗООЛОШКА НА ПЛУС 40 СТЕПЕНИ

    СЛОНИЦИТЕ ДУЊА И ДАЕЛА ТРИ ПАТИ НА ДЕН СЕ ПРСКААТ СО ВОДА-ФОТОГАЛЕРИЈА ОД СКОПСКАТА ЗООЛОШКА НА ПЛУС 40 СТЕПЕНИСлониците Дуња и Даела покрај тоа што се капат во базенот во нивното живеалиште, зоо негувателите по три пати на ден ги прскаат со црево. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Со овошни сладоледи, замрзнато овошје и прскање со ладна вода се разладуваат животните во скопската Зоолошка градина. Откако Скопје е во портокалова фаза со температури од 40 степени, Зоо негувателите секој ден по неколку пати на ден ги разладуваат животните за да можат полесно да ги поднесат високите температури.

    „Слониците Дуња и Даела покрај тоа што се капат во базенот во нивното живеалиште, по три пати на ден ги бањаме со црево. После капењето се прскаат со песок, тоа е нивни начин да се заштитат од сонцето“, велат од Зоолошката градина.

    Мајмуните меѓу кои и Коко секој ден добиваат овошни сладоледи за разладување. Нилскиот коњ пак се освежува со ладна лубеница.

    Дуња и Даела после капењето се прскаат со песок за да се заштитат од сонцето. (Фото: Ѓ.Личовски)

    „Сите животни ги прскаме со вода и добиваат ладна храна. Ги разладуваме и живеалиштата. Шимпанзата ги обожуваат сладоледите. Тие веќе полека излегуваат од карантин и си играат во живеалиштето“, додаваат од Зоолошката градина.

    Од Зоолошката градина апелираат до посетителите да не им даваат храна на животните. Тоа е штетно за нив, а особено сега кога температурите се високи и кога се внимава да им се дава разладена храна според нивната таблица на исхрана.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари