СМАЧЕНО МИ Е ДА МЕ ВЛЕЧАТ НИЗ ИНТЕРНЕТ ПОРАДИ МОЕТО ТЕЛО, СЕ ОТКАЖУВАМ, РЕЧЕ ПЕЈАЧКАТА ЛИЗО

    СМАЧЕНО МИ Е ДА МЕ ВЛЕЧАТ НИЗ ИНТЕРНЕТ ПОРАДИ МОЕТО ТЕЛО, СЕ ОТКАЖУВАМ, РЕЧЕ ПЕЈАЧКАТА ЛИЗО„Сакам да им помагам на луѓето, но чувствувам дека светот не ме сака во него“, вели Лизо. (Фото: Гети)

    Американската поп пејачка Лизо објави дека се откажува, затоа што ѝ е смачено од онлајн коментарите за нејзиниот изглед и карактер, без да појасни дали ја напушта музичката индустрија или социјалните мрежи.

    „Имам чувство дека светот не ме сака во него. Уморна сум од тоа да трпам сите да ме влечат во животот и на Интернет“, објави таа на Инстаграм.

    Нејзината објава следи откако пред еден ден, адвокатот кој ги застапува нејзините поранешни танчари ја критикуваше одлуката Лизо да биде главна ѕвезда на хуманитарен настан. Лани, нејзини поранешни танчари ја обвинија за сексуално вознемирување и создавање непријателска работна средина, што Лизо го негираше.

    „Сè што сакам е да правам музика и да ги направам луѓето среќни и да му помогнам на светот да биде малку подобар од она што го најдов. Но, чувствувам дека светот да не ме сака во него“, се вели во објавата на Лизо.

    Триесет и петгодишната пејачка вели дека „постојано се спротивставува на лагите“ кои, како што рече, ги кажуваат за неа за „влијание и лајкови“, дека чувствува дека се шегуваат за неа како изгледа и дека ја коментираат луѓе кои не ја познаваат.

    „Не се надевав на ова. Се откажувам“, вели таа. Лизо и во минатото говореше дека често на платформата Х добивала прашања и коментари за нејзиното тело, каква ѝ е исхраната и колку јаде.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира