СОПРУГАТА НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА САД ЌЕ ПРЕДАВА ВО УЧИЛИШТЕ ЗАБРАНЕТО ЗА ХОМОСЕКСУАЛЦИ

    СОПРУГАТА НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА САД ЌЕ ПРЕДАВА ВО УЧИЛИШТЕ ЗАБРАНЕТО ЗА ХОМОСЕКСУАЛЦИВтората дама на САД ќе предава уметност во христијанско училиште во Вирџинија (Фото: АП)

    Карен Пенс, сопругата на американскиот потпретседател Мајк Пенс, повторно ќе предава уметност во училиште кое не прима ученици и кадар со ЛГБТ-ориентација. Училиштето во Спрингфилд, Вирџинија, им забранува на своите вработени и ученици да имаат „хомосексуални или лезбиски сексуални активности“ или да изразуваат „трансродов идентитет“.

    Втората дама на САД предаваше во ова училиште повеќе од една деценија додека нејзиниот сопруг беше во Конгресот.

    „Госпоѓа Пенс се врати во училиштето кадешто претходно предаваше 12 години. Апсурдно е да се напаѓаат нејзината одлука да им предава на деца во христијанско училиште и неговите религиозни верувања“, изјави портпаролот на Карен Пенс.

    Во апликацијата за работа во ова училиште е наведено дека заинтересираните мора да дадат ветување дека нивниот приватен живот е морално чист. Меѓу примерите за неморално однесување се истакнати хомосексуалност, предбрачен секс, полигамија и сексуална злоупотреба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира